Советникот Арнаудоски присуствуваше во с.Речица по повод празникот „Св.Козма и Дамјан“

На свеченоста во с. Речица, организирана од страна на црковниот одбор, по повод празникот  на Светите Козма и Дамјан и по повод 10 годишнина од осветувањето на црквата посветена на овие светци, како претставник на локалната самоуправа беше советникот Илија Аранаудоски. Тој од име на градоначалникот Никола Бакрачески им ги пренесе поздравите и честитките за јубилејот и им посака добро здравје и многу успех во иднина.

Во рамките на посетата, советникот Илија Арнаудоски оствари средба со жителите. На средбата жителите му ги кажаа проблемите со кои тие се соочуваат и искажаа голема благодарност до градоначалникот и до локалната самоуправа за слухот кој тие го имаат во врска со нивните проблеми.

Црквата посветена на Светите Козма и Дамјан е изградена во 2001 година, а е осветена во 2003 година.

Crkva_Recica_4851