Кометата ИСОН исчезна или…!?

Заврши пет и пол милиони години долгото патување на една комета во внатрешноста на соларниот систем. Како што сметаат научниците, патувањето на кометата ИСОН заврши вчера попладне со нејзиното најблиско доаѓање до Сонцето, по што на кометата и се изгуби секаква трага.

Научниците велат дека засега немаат податоци каде би можело да се наоѓа кометата, која зад себе остави исклучително сјајна трага, истакнувајќи дека по нејзиното проаѓање покрај Сонцето не останале ни карпи ни прашина.

Кометата ИСОН, беше откриена минатата година кога беше подалеку и од Јупитер, а научниците и јавноста се надеваа дека на почетокот на декември ќе присуствуваат на спектакуларна глетка штом кометата биде видлива на небото над Земјата.

ИСОН помина на само 1,2 милиони километри од површината на Сонцето, па се претпоставува дека се целосно се растопи, а не само мразот во телото на кометата како што се претпоставуваше.

И покрај големиот број на соларни телескопи кои ја следеа оваа комета, астрономите повеќе не можат веќе да ја лоцираат кометата ИСОН.