ЈП „Охридски Комуналец“ во моментов ја разгледува можноста за интензивирање на процесот на селекција на отпад

 Во однос на предлогот за селекција на отпад од ОК на ВМРО-НП, Ј.П. „Охридски Комуналец“ со одговор дека претпријатието во моментов ја разгледува можноста за интензивирање на процесот на селекција на отпад. 

„Имено изминативе години на територијата на општина Охрид како и на територијата на цела Република Македонија веќе се врши одреден степен на селекција на ПЕТ амбалажа и хартија преку наменски контејнери и мрежи за хартија. 

ЈП Охридски Комуналец веќе ја планира следната фаза во однос на селекцијата на отпадот што би се реализирала во самите домаќинства како што впрочем тоа се практикува во повеќето светски дестинации. Можноста за имплементација на оваа фаза на територијата на општина Охрид се разгледува последните два месеци. Според плановите на тимот кој работи на оваа идеа е селекцијата на отпадот да се врши во специјално наменети кеси соодветно обоени кои јавното претпријатие ќе ги дистрибуира до домаќинствата. Реализацијата се планира да биде во фази, но после набавката на нови возила.

Зачудени сме како вработениот Ванчо Костовски проектот на јавното претпријатие за кој слушнал дека веќе се разработува во јавното претпријатие го презентира во јавноста како тоа да е измислица од ВМРО Народна партија.“ – стои во реакцијата од Ј.П. „Охридски Комуналец“.