Заменик министерот на МВР Ќамили на Салцбург форум во Австрија

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, вчера и денес (04/05.05) во Санкт Пелтен, Република Австрија, учествуваше на Министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот Форум.

На Форумот беа отворени актуелни теми од заеднички интерес, односно темите за странски терористички платеници, за борбата против компјутерскиот криминал и компјутерска безбедност како и илегална миграција и криумчарење лица.

Посетата на Република Австрија, делегацијата на МВР предводена од г-динот Ќамили воедно беше искористена и за учество на 13-от Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа (КПСЈИЕ), во текот на кој се разгледуваа новите развојни линии во процесот на спроведување на конвенцијата, како и прашања од заеднички интерес и приоритет на земјите членки.

Покрај ова, а имајќи предвид дека Република Македонија од 01 јули годинава во наредниот шестмесечен период е иден Претседавач со КПС ЈИЕ, од страна на заменик министерот Ќамили беа презентирани приоритетите на Република Македонија во текот на копретседателството со Црна Гора и Молдова.