Во врска со прес-конференцијата на ВМРО-НП за селектирање на отпад од домаќинствата, со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„Почитувани “народњаци“, излишно, премногу бледо и во најмала рака е смешно да промовирате лажни ветувања и да им “мачкате очи“ на охриѓани со некои наводни проекти кои биле за доброто на Охрид. Срамно е да говорите за проекти за селектирање на отпад од домаќинствата и со тоа да ги замајувате граѓаните дека наводно се грижите за економскиот бенефит и заштеда на ЈП Комуналец. Ако толку се грижите за чистотата на Охрид зошто сега предложениот проект не го реализиравте во 8 годишното владеење што заедно со коалиционите партнери го имавте во Охрид? Ако вие навистина сакавте економска стабилност на охридски Комуналец немаше свесно и намерно финансиски да го заглавите и да го предадете ова претпријатие на новото раководство со долг тежок 1 милион евра.
Вака ли, со празни зборови, без факти и за жал лоша вистина која ја оставивте зад себе очекувате да ви веруваат охриѓани?
Во меморијата на граѓаните ќе останете запаметени како партија која ништо не сторила за доброто на Охрид. Во 8 години владеење со вашите коалициони партнери, не направивте ниту еден добар проект, ветувавте на хартија но ништо не исполнувавте.
„Народњаци“, ако барем малку имавте чест и срам нема јавно да промовиравте лажни ветувања и да фрлавте фитили туку ќе ја наведневте главата и ќе избегневте да ве потсетуваме на вашата нечесна и недомаќинска вистина.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО–ДПМНЕ Охрид.