Сеноќно бдение во црквата „Света Богородица“ – Каменско

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека на 21 ноември 2013 година (четврток), вечерта, ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Нектариј Егински Чудотворец“, со почеток во 23:00 часот.

По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.