Во просториите на Општина Дебарца во с.Белчишта утре во 16:30 часот ќе се одржи трибина од страна на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски. Тој ќе овозможи запознавање на граѓаните од областа на земјоделството и земјоделските задруги.
Од Општина Дебарца известуваат дека сите заинтересирани граѓани може да присуствуваат на трибината.