Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ се запознаа со работењето на РЕ Водовод – Охрид

Како дел од наставната програма учениците од I-IV одд. ја изучуваат темата „Водата еден од неопходните услови за живот на Земјата“. 

По тој повод учениците од О.У „Св.Климент Охридски“ ја посетија МЈП Проаква Р.Е.Водовод-Охрид.

Учениците се запознаа со основната дејност на работењето на Р.Е. Водовод – Охрид, имаа можност да видат дел од каптажите и пумпите кај Билјанини извори им се објасна патот на водата од изворот до нивните домови. 

Исто така го посетија и одделението за поправка и баждарење на водомерите и работилницата каде се запознаа со технолошкиот процес на подготовка на водомерите пред нивно монтирање во водоводната мрежа.

Учениците покажаа голем интерес за дејноста на Водовод Охрид, поставија повеќе прашања, а од страна на Водовод – Охрид на посликовит начин им се објасни значењето на водата и потребата од нејзино штедење и заштита од загадување.

Целите на оваа заедничка соработка со училиштата се:

• Формирање позитивни ставови и стекнување навики за користење, штедење на водата и заштита од загадување;

• Запознавање со поимите здравствена исправност на водата за пиење, одржување на хигиената, чување и унапредување на здравјето на луѓето и животната средина;

• Подигање на еколошката свест кај учениците;

• Подигнување на јавната свест за значењето на водата како еден од најважните фактори за опстанок на човекот.