СВР Охрид оствари работна средба со охридските јавни обвинители

Практичната имплементација на новите одредби од законот за кривична постапка беше темата на денешната работна средба на повеќе раководители во СВР Охрид со јавните обвинители од Охрид.

Полициските раководители и јавните обвинители целосно и детално ги прегледаа измените и новите одредби од законот за кривична постапка кои стапуваат на сила од први идниот месец. Новиот закон за кривична постапка ќе биде обврзувачки за сите полициски службеници во секојдневното полициско работење, во сите полициски преземања и во примената на полициските овластувања. 

На денешната работна средба практично беа согледани низа конкретни  аспекти  од  имплементацијата на повеќе членови со кои се регулира правната материја во новиот закон за кривична постапка и беа договорени начините на меѓусебната соработка и координација помеѓу СВР Охрид и Јавното обвинителство. 

Во тој контекст, СВР Охрид во работата за реализација на казнените дела ќе биде во функција на јавното обвинителство а активностите покрај со јавниот обвинител нагласено ќе бидат координирани и со судија во претходна постапка.

Инаку, минатата недела ваков состанок беше одржан и со претседателот на Основниот суд Милчо Клишески.