Во среда Јулијана Стефанова и Горан Стојаноски ќе се дружат со учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“

ОУ „Св.Климент Охридски“ е училиште кое е во дваесетте во Р.Македонија кое е вклучено во првата фаза од проектот „Со читање до лидерство“.

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ е активност од компонентата на Проектот – Вклучување на семејството и заедницата. 

„Ова е почеток на активностите од оваа компонента, но до крајот на проектот ќе спроведуваме уште интересни и креативни активности со кои ќе ги анимираме дечињата, ќе се обидеме да ги направиме поинтересни учењето математика и јазик и да ги анимираме и вклучиме и родителите и целата заедница со цел да изградиме култура на читање и да ја подигнеме свеста на јавноста за важноста на описменувањето“. – рече директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“ Јордан Пуроски.

За таа цел, Проектот склучи соработка со повеќе јавни личности (пејачи, глумци, спортисти) кои ќе водат заеднички активности за читање и математика со учениците, а тие активности се спроведуваат под насловот „Читањето и математиката се забавни“.

Во рамки на оваа активност, на 27 ноември, (среда) специјалните гости на Проектот – глумците Јулијана Стефанова и Горан Стојаноски ќе се дружат со учениците и ќе учествуваат во активности за читање и математика.