По врнежите од град, денес во 14 часот, Охрид за момент побеле.
Управата за хидрометеоролошки работи за денес најави претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Кон крајот на денот во северните делови на повисоките и на некои пониски места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.
Наредните три дена во Охрид ќе преовладува облачно време со услови за врнежи од снег. Температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 4 степени.
WebOhrid