Организиран превоз за учесниците во акцијата „Ден на дрвото“

За учесниците во акцијата „Денот на дрвото- засади ја својата иднина“, есен 2013 година, што ќе се одржи утре на 27- ми ноември, организиран е посебен превоз.

Според оперативниот план, 

– 2 автобуси ќе тргнат од пред   ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“,

– 2 автобуси од  ОУТУ „Ванчо Питошески“, 

– 2 автобуси од   ОСУ „Св. Климент Охридски“ и   

– 1 автобус ќе тргнува од  пред зградата на Општина Охрид.

Автобусите ќе поаѓаат во  9:00  и 11:00 часот.

Оваа година ќе се засадат дрва во месноста „Мазатар“ кај селото Горно Лакочереј.