Еколошкото друштво „Грашница“ се вклучи во акцијата за пошумување

Поголем број на членови од Еколошкото друштво „Грашница“ активно се вклучија во акцијата за пошумување.

„Посадивме над 100 дрвца кои  очекуваме дека ќе пополнат дел од голините над с.Горно Лакочереј. Посебно беа активни нашите помлади членови кои се главната движечка сила во јакнење на јавната свест. Решавањето на еколошките проблеми започнува буквално од корен, за што постојано добиваме поддршка од најмладите.“  – истакнуваат од ЕД „Грашница“.

ED_Grasnica_Den_na_drvoto_01 ED_Grasnica_Den_na_drvoto_02 ED_Grasnica_Den_na_drvoto_03