Во селото Требеништа заврши почетната фаза „асфалтирање“ со цел изградба на спорски терен кој ќе биде наменет за повеќе видови на спорт. Средствата за асфалтирањето во износ од 1.500.000 денари целосно се издвоени од буџетот на Општина Дебарца. Игралиштето во с. Требеништа е наменско и ќе допринесува за подобар развој на спортот во општина Дебарца, соопштуваат од Локалната самоуправа.
Во наредна фаза следува изградба на метална конструкција со што практично целосно ќе се покрие игралиштето, со што Општина Дебарца ќе добие Балон сала која ќе биде наменета за сите жители на општината. Со оваа инвестиција, Општина Дебарца предводена од градоначалникот Трајкоски ја докажува заложбата за вложување во најмладите кои што овој терен ќе го користат за спорт и рекреација.