Приведени 7 лица во полициската акција „Отпад“

Министерството за внатрешни работи ја реализираше Оперативната обработка „Отпад“ со која е откриена и разбиена криминална група која подолг период наназад и нанесуваше двојна штета на државата и тоа од финансиски аспект преку затајување на даноци и од аспект на стимулирање на незаконската трговија со железо и метални производи, односно поттикнување на зачестените кражби на метал.

До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против 14 физички лица: А.Н.(34), поранешен основач и управител во друштвата „НИКОЛЧЕВ КОМПАНИ“ ДООЕЛ и „НИКОЛЧЕВ ГРУП“ ДООЕЛ, Д.С.(29), поранешен содружник и управител во друштвото „НИКОЛЧЕВ ГРУП“ ДООЕЛ, сега оснивач и управител на ТП „ДАСТО“ 2012, С.И.(34), основач и управител на „ГЛОБАЛ ИНТЕРНЕШЕНЕЛ“ ДООЕЛ, тројцата од Скопје, Д.С.(35) од Велес, основач и управител во друштвото „СТОЈАНОВСКИ РЕЦИКЛИНГ“ ДООЕЛ, Л.Д.(35) од Велес, поранешен управител во „ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП“ ДООЕЛ, Д.Ш.(36) од Велес, управител во друштвото ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП ДООЕЛ за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ чл.394 и „даночно затајување“ чл.279, К.К.(33) од Охрид, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ чл.394 и „даночно затајување“ чл.279 во врска со КД „поттикнување“ по чл.23, Р.Т.(40) од Скопје, оснивач и управител на друштвата „АЛУЧЕЛ“ ДООЕЛ и „ОТПАД МАЦЕ“ ДООЕЛ, А.Т.(26) од Охрид, основач и управител на „ТАДИЌ РИСАЈКЛИНГ“ ДООЕЛ за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ чл.394 и КЗ членот 60-А од Законот за ДДВ, Б.М.(35) од Крушево, основач и управител во „БМ МАМУДОВСКИ“ ДООЕЛ, А.Т.(37) од Скопје, основач и управител на „МЕТАЛ ПРОЦЕС ТЕРМ“ ДООЕЛ, Скопје, Ѓ.И.(35) од Скопје, основач и управител на „МАЕСТРАЛ ПЛУС“ ДООЕЛ, за сторени кривични дела дело „злосторничко здружување“ чл.394, даночно затајување“ чл.279, во врска со „помагање“ чл.24, Н.Т.(27) од Охрид, основач и управител „СТИЛВОРК“ ДООЕЛ, Н.Т.(29) од Охрид, основач и управител „СТИЛВОРК“ ДООЕЛ  за сторени дела „злосторничко здружување“ чл.394 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353, како и против правното лице „ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП“ ДООЕЛ од Велес за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 од КЗ на РМ.

Криминалната група е формирана во 2010 година од страна на четворица од осомничените со формирање на правното лице НИКОЛЧЕВ ГРУП, преку кое започнале со вршење на даночното затајување.Во текот на 2011 година, против дел од членовите на криминалната група веќе беше  поднесена кривична пријава за сторени кривични дела “даночно затајување“ чл 279 (случај „Ариел“) и против нив е во тек судска постапка. Покрај поднесената пријава, членовите на групата продолжиле со вршење на истите кривични дела, но го смениле начинот на делување, односно основале повеќе правни лица (ТАДИЌ РИСАЈКЛИНГ, СТИЛВОРК, ОТПАД МАЦЕ) каде што како основачи и управители во Ценралниот регистар на РМ запишале лица со низок материјален статус, а со истите фактички управувале организаторите на криминалната група. Овие правни лице биле користени за изготвување лажни фактури за плаќање на извршен “наводен“ откуп на отпадно железо со преметан ДДВ кои ги насочувале кон правните лица НИКОЛЧЕВ ГРУП ДООЕЛ и НИКА СКРАП ДООЕЛ. Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалнта група “на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет – “на црно“.

Покрај правните лица за изготвување на лажни фактури, организаторите на криминалната група како посредници за продажба на отпадните суровини набавени “на црно“ ги користела правните лица СТОЈАНОВСКИ РЕЦИКЛИНГ ДООЕЛ и НИКА СКРАП ДООЕЛ кои имале склучено договор за продажба на отпадни суровини со МАКСТИЛ АД.

Во текот на 2012 година со одлука на Владата на РМ од мај 2012 година и со измени на Законот за управување со отпад во септември 2012 година извршено е ограничување на откупот на отпадни суровини од физички лица, најпрвин дека плаќањата мора да бидат извршени преку трансакциска сметка, а со измените на законот се ограничува максималниот износ на 30.000 денари на годишно ниво за физичко лице кое ќе предаде отпадни суровини во правни лица кои вршат откуп.

Поради наведените законски и подзаконски измени, криминалната група го менува својот начин на делување на тој начин што ангажирала посредници кои за одреден паричен надомест набавиле трансакциски сметки и фотокопии од лични карти од околу 500 физички лица од повеќе градови во Р.Македонија (Скопје, Охрид, Битола, Прилеп и Струга) на кои се префрлани најчесто по 30.000 денари за “наводно“ извршен откуп на отадни суровини. Веднаш по префрлањето на парите физичките лица ги подигале истите од трансакциските сметки и ги предавале на рака на посредниците кои ги ангажирале или пак на некој член на криминалната група. Криминалната група за “наводниот“ откуп на отпадно железо од овие физички лица изготвувала лажни кантарни белешки од правните лица со кои располагала (најчесто од ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП). Од преземените мерки и активности и извршените разговори со дел од лицата на кои се префрлени парични средства утврдено е дека истите немаат предадено отпад во правните лица од кои им се уплатени парични средства на трансакциските сметки, а за извршената услуга физичките лица добивале од 500 до 1.000 денари.

Поради неможноста да обезбедат доволно трансакциски сметки од физички лица членовите на криминалната група во 2012 година го формирале правното лице ТП ДАСТО 2012 кое го користеле за изготвување на лажни фактури со пресметан ДДВ за потребите на правното лице ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП со што му овозможувале на ова правно лице да се обезбеди со влезен ДДВ кој потоа неосновано бил пребиван со излезниот ДДВ. Воедно со плаќањето на лажните фактури на сметката на ТП ДАСТО 2012 пристигнувале големи приливи на парични средства, кои Далибор Стојмановски ги подигал како готовина, со што криминалната група, и покрај законските ограничувања, успевало да се стекне со поголеми износи на готовина за набавка на нови количини отпадно железо надвор од платниот промет (на црно).

Со ваквиот начин на користење на правните лица НИКОЛЧЕВ ГРУП ДООЕЛ, ГЛОБАЛ ИНТЕРНЕШЕНАЛ ДООЕЛ, БМ МАМУДОВСКИ МЕТАЛ ГРУП ДООЕЛ, АЛУЧЕЛ ДООЕЛ, ОТПАД МАЦ ДООЕЛ, МЕТАЛ ПРОЦЕС ТЕРМ ДООЕЛ, МАЕСТРАЛ ПЛУС ДООЕЛ, СТИЛВОРК ДООЕЛ, ТАДИЌ РИСАЈКЛИНГ ДООЕЛ, НИКА СКРАП ДООЕЛ и ТП ДАСТО 2012, злосторничкото здружение успеало да затаи ДДВ во вкупен износ од 54.466.589 денари и персонален данок во вкупен износ од 20.660.137 денари, односно по двата основи да затаи данок во вкупен износ од 75.126.796 денари.

МВР денес изврши се претреси во домовите на три физички лица и во 2 правни лица при што пронајдени се компјутери и документација од друштвата со кои располагале членовите на криминалната група. Седум члена на криминалната група се приведени и предадени на истражен судија при Основен суд Скопје 1, а по останатите се трага.