Новата Програма на СДСМ презентирана пред жителите на Дебарца

Тимот на СДСМ предводен од заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска заедно со членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески и Ѓоко Танасоски и пратеникот Митре Велјаноски, во текот на вчерашниот ден ги презентираа предлог мерките од  Програмата на СДСМ во Дебарца. При посетата, Тимот во село Мешеишта оствари средба со жители, посети повеќе домаќинства, и оствари средба со Извршниот одбор на ОО СДСМ Дебарца, како и со советничката група на СДСМ во советот на Општина Дебарца. Во селото Лешани, Тимот имаше средба со жителите, а посетата заврши со отворена трибина, која се одржа во општинската сала во село Белчишта.

Тимот на СДСМ се запозна со дел од проблемите на жителите, кои се пожалија дека од ден на ден се потешко се живее, најголемиот дел од луѓето се невработени и се на прагот на егзистенцијата. Понатаму, се пожалија дека младите се почесто ги напуштаат родните огништа. Жителите зборуваа и за проблемите со откупот на земјоделските култури и затворањето на селските продавници од страна Управата за јавни приходи.

Тимот на СДСМ ги охрабри жителите и им порача дека СДСМ заеднички, со нив, ќе се избори за решавање на проблемите.

На отворената трибина заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска презентираше дел од предлог мерките од програмата на СДСМ со работен наслов „Да ја вратиме средната класа“, при што присутните граѓани имаа можност да постават прашања и да дадат свои коментари и предлози по предлог мерките.

SekerinskaDebarca01 SekerinskaDebarca02 SekerinskaDebarca03