Наскоро во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се прикажува германскиот анимиран филм „Knight Rusty“.
Витезот се наоѓа во авантурата на својот живот: само што се исполни неговиот сон да освои голем турнир, лажно е обвинет за кражба. Лишен од голема чест и дворец, тој пробува да се извади и да го врати срцето на својата девојка. Може ли да го победи злобниот принц и да го зачува своето царство?
„Витезот Расти“ е интересна комбинација од средниот век, приказна за рециклирање и необични личности. Во склоп на многу хумор, цртанот се занимава со теми како пријателство и храброст.