ОО на СДСМ Охрид ја поздравува одлуката на градоначалникот за наградата „Св.Климент Охридски“

ОО на СДСМ од Охрид ја поздравува одлуката на градоначалникот на Општина Охрид највисокото општинско признание – наградата Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид – да му биде доделена на доајенот на охридското и македонското маратонско пливање, професорот Александар Леко Радич. Исто така, ОО на СДСМ од Охрид ја поддржува и одлуката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, со која младите охридски уметници Миланка Новеска и Стојан Стојаноски се закитија со повелбата Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид. ОО на СДСМ од Охрид им ги честита високите признанија на добитниците, со желби за понатамошни успеси и врвни достигнувања во областа на нивното делување, за уште поуспешна афирмација на Охрид во национални и меѓународни рамки. Огромна чест за секој охриѓанец претставува да биде добитник на признание, што го носи името на нашиот Вечен Патрон. Воедно, ОО на СДСМ од Охрид ја изразува својата длабока почит кон сите останати кандидати, кои сосема заслужено и рамноправно аплицираа на овогодинешниот конкурс за доделување на наградите, се вели во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.