Црвен крст од Охрид презема повеќе активности за одбележување на Неделата на борба против трговија со луѓе која трае од 2-ри до 9-ти декември. Младите волонтери на Црвениот крст Охрид, денес низ охридската чаршија делеа флаери на граѓаните со едукативна содржина, која содржи основни препораки како луѓето да се заштитат, односно да не подлежат на трговија со нивните животи.
„Традиционално веќе неколку години со ред Црвен Крст се вклучува во националаната кампања за подигање на свеста за борбата против трговијата со луѓе. Од втори до деветти декември Црвен крст презема повеќе активности, меѓу кои и оваа денешната волонтерите делат рекламен материјал, односно памфлети со содржина како да се заштитиме од најголемото зло на човекот- трговијата со луѓе. Задоволни сме од луѓето кои не прифаќаат да ни помогнат и подржат оваа активност“. – истакна Анета Вршкоска Јованоска.
Во оваа активност се вклучи и Младински совет од Охрид со едукативно предавање на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“.
Т.А.