Света литургија по повод празникот „Св.Климент Охридски“ Чудотворец

По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 7 декември (сабота), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16:00 часот.

На 8 декември (недела), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, со почеток во 8:30 часот.

Богослужба ќе има тој ден само во во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, (едноцрквие).

На 9 декември (понеделник), во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Георгиј“, со почеток во 8:30 часот.

Богослужба ќе има тој ден само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, (едноцрквие).

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.