ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси кај Стариот чинар

 По повод Новогодишните и Божиќните празници, Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).

 Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до 9 декември, во административните простории на Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид.

 Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на Ј.П. „Градски пазар“ – Охрид на Булевар Туристичка ББ или на телефонот 046/266-600.