Вчерашниот прес на СДСМ од Охрид имаше само една јасна причина, да го девалвира Законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатливт стил на политичко размислување на СДСМ, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што има индиции за тоа, истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
„Како поинаку може да се протолкува вчерашниот нивен настап, ставајќи се на страна на фискултурното трио од Гимназијата “Св.Климент Охридски”, освен како врвно непочитување на законите и институциите на Република Македонија. Тоа е класичен пример за одбегнување на законски процедури, со цел Претседателот на Училишниот одбор, да го исфорсира доскорашниот Претседател на Комисијата за јавни набавки, за директор на Гимназита на “Св.Климент Охридски”. Прашањето кое ние го поставуваме до СДСМ и нивните фаворити е
-дали ова нема поврзаност со сомнителните јавни набавки на Гимназијта Св.Климент Охридски?
– или пак со цените за ланската училишна екскурзија, повисоки за дури 6000 евра во споредба со годинешната или
– со сомнителните набавки на ученички униформи, во која учествуваа фискултурното трио од Гимназијата, составено од поранешниот Директор на Гимназијата, Преседателот на Училишниот одбор и Претседателот на Комисијата за јавни набавки-сегашен нивен фаворит за Директор. Со кој образ СДСМ може да зборува за вршење тортури и притисоци врз вработените во образовните институции од страна на Градоначалникот Бакрачески, кога истите тие лица кои денес продаваат принципи, само до пред 7 месеци го газеа достоинството на вработените и учениците, со сила и закани носејќи ги на секојдневни партиски митинзи? Така СДСМ и нивните пулени по институциите во општината го разбираа образованието во Охрид.“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески имаат обврска да го спроведуваат Законот и да ги почитуваат одлуките на институциите и тоа ќе се спроведе бескомпромисно.
„За нас е разбирливо тоа што луѓето кои го направија најголемиот финасиски и материјален масакр во историјата на Охрид, сакаат да се амнестираат за своите злодела врз иднината на општината. Тоа граѓаните не го забораваат, а сметката која им беше испорачана на последните избори, гледаме дека небила доволна поука. Затоа тие се онаму каде што се наоѓаат, во темните сеќавања на охриѓани.“ – додадоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.