Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 Декември 2013 година (недела), односно 9 декември 2013 година (понеделник), празникот „Св.Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот „Св.Климент Охридски“.