На Бизнис Форумот за привлекување на странски инвестиции кој се одржа во Скопје остварена е средба со Општина Охрид, МЈП – Проаква и генералниот директор на водоснабдителната компанија од Будимпешта. На средбата потпишан е Меморандум за соработка помеѓу компанија за водоснабдување од градот Будимпешта – Унгарија, МЈП Проаква и Општина Охрид.
Целта на потпишување на овој Меморандум е размена и пренесување на позитивни искуства во менаџирањето на двете претпријатија од областа на водоснабдувањето, како и заштита на човековата околина и Охридското Езеро. Исто така, размена на искуства за полесен пристап до европските фондови за формите на финансирање во изградбата на водоснабдителната инфраструктура и објектите од канализациониот и колекторскиот систем.