Пандев стрелец на два голови за Наполи

Горан Пандев беше стрелец на два голови за Наполи во натпреварот против Удинезе, кој заврши 3:3.

Пандев постигна голови во 38 и 41 минута, а беше заслужен и за третиот гол за Наполи кој го постигна Џемаили во 71 минута. Горан Пандев беше заменет во 74 минута при резултат од 3:2, а гостите успеаа да изедначат на 3:3 во 80 минута.

WebOhrid