Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека на јавен увид се ставаат нацрт–развојните програми на Општина Охрид за 2014 година. Јавниот увид ќе трае 15 дена од денот на објавувањето. Додека трае јавниот увид, сите заинтересирани граѓани можат да достават предлози и забелешки по однос на овие нацрт–развојни програми кои се објавени на општинската web страница. Предлозите можат да се достават до Општина Охрид.
На 18.12.2013 година (среда), со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи јавна расправа по овие нацрт–развојни програми.