ОО на СДСМ го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод одбележувањето на 9-ти Мај, Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегација од Социјалдемократската младина од Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на славните охриѓани, учесници во виорот на Народноослободителната борба, што ги положија или посветија своите животи за слободата на Македонија.

На покана од Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија и на граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца, по повод одбележувањето на 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегации од ОО на СДСМ Охрид и ОО на СДСМ Дебрца учествуваа во прославата што се одржа во селото Белчишта.

Со полагање на свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ и на другите спомен обележја, им беше оддадена достојна почит на паднатите борци во НОБ и Револуцијата, кои ги вградија своите млади животи пред 7 децении во темелите на слободна, демократска и независна Македонија.