Претседателите на Советите на Општините Охрид и Стар Град – Сараево потпишаа повелба за меѓусебна соработка

Во куќата  на Робевци Претседателите на Советите  од Општините: Охрид и Стар Град – Сараево, потпишаа Повелба за меѓусебна соработка.

„Со оваа соработка го пополнуваме мозаикот на братски градови од останатите земји од регионот, при што се препознаени можностите за меѓусебна соработка и реализирање на плановите за кои претходно се разговараше. Се надевам дека ова пријателство ќе вроди со низа заеднички успешни проекти“, – рече претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска.

„Охрид  е специфичен град поради културата и туризмот, како што е случај и со градот Сараево. Се надевам дека во иднина заедно ќе соработуваме во повеќе области, со цел понатамошен развој и на двете земји“, – изјави претседателот на Советот од Стар Град, Ведран Дедиќ.

Чествувањата во чест на Св. Климент Охридски заштитникот на градов се заокружуваат вечерва со свечената академија што ќе се одржи во ЦК Григор Прличев со почеток во 19 часот.

Povelba01