„Умри машки“ ќе се прикажува во Центарот за култура

Во соработка со „Театар Солза и Смеа“- од Битола, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, во петок 13-ти и сабота 14-ти декември, со почеток во 20 часот премиерно ќе се прикажува филмот „Умри машки“- трилер комедија, во режија на Александар Димитровски.

Картите се во продажба на билетарата во Центарот за култура, а влезот чини 100 денари.