Бошко Ѓуровски пристигна во Скопје

Новиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски пристигна во Скопје. Утре во 12:00 часот во „Куќата на фудбалот“ е закажана официјалната прес-конференција за презентација на Ѓуровски во нов предводник на „рисовите“.

Во „Куќата на фудбалот“, Ѓуровски имаше неформален состанок со Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, Генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски и директорот на националните репрезентации, Петар Милошевски.

„Се надевам дека ќе им ја вратиме насмевката на навивачите“, кусо порача Ѓуровски во разговорот со Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски.

FFM_Gorgiovski_Gurovski