На барање на Озгур Торт, извршен директор на МИГРОС Групацијата од Република Турција, градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба на која присуствуваа и претседателот на Управниот одбор, Булент Озаудинли и директорот на РАМСТОР – Македонија, Ибрахим Кесемен. Средбата претставува продолжение на континуирано добрите релации со турките бизнисмени и нивниот интерес за вложување во Охрид.
Како што беше најавено уште при отворањето на првиот супермаркет на РАМСТОР во Охрид, на денешната средба посебен интерес беше изразен за изградба на два модерни шопинг центри, во кои би се вработиле над 100 охриѓани. Градоначалникот Бакрачески ги запозна турските инвеститори со законските погодности и можности за инвестирање, а се очекува во најскоро време групацијата МИГРОС да испрати писмо на намери, по што официјално ќе треба да се изготви проект за идната инвестиција во Охрид.