Презентација „Љубов или љубомора“ во текот на овој месец во средните училишта и на факултетите во Охрид и Струга

По повод кампањата 16 дена активизам против родово-базираното насилство, во средните училишта и на факултетите во Охрид и Струга во текот на месец Декември, ќе се организираат серија презентации кои ќе ја обработуваат темата Насилство против жените. Главната цел на овие презентации ќе биде да им се помогне на девојките навреме да го препознаат насилството и да го спречат. Домашноото насилство и насилството меѓу младите во врска зема се поголем замав и се повеќе слушаме за разни насилства кои случуваат во Македонија, Насилството проив жените е едно од најсрамните кршења на човековите права кое не познава граници, социјален статус, религија и образование. Може да им се случи на сите жени и во нашата кулутра е всадено дека е најдобро да се крие од јавноста. И за жал, жртвите се тие кои се срамат од чинот на насилство, а не насилниците.

Токму оваа состојба беше мотив, два женски клуба Сороптимист од Струга и Лајонс Клуб Деница од Охрид да ги здружат силите и да ја организираат презентации ја оваа тема со надеж дека ќе придонесат за превентивно делување и спречување на насилството.

Клубот Сороптимист од Струга е формиран 2012г, и е составен од жени од различни професии и возрасти чија главна цел е зајакнување на статусот на девојките и жените. Сороптимист е интернационална мрежа формирана 1921г, составена од 3000 клубови во 125 земји. Клубот во Струга е единствен во Македонија.

Лајонс Клуб Деница од Охрид е формиран 2012г и е сервисен клуб, чие главно мото е „Не си постигнал ништо,ако  не си направил нешто за оние на кои помошта им е најпотребна“. Лајонс е формиран 1917г и има 46000 клубови во 200 земји од светот.

Првата презенетација беше одржана на Факултетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, следуваат презентации уште Факултетот ФОН од Струга, „Јахја Кемал“, ФТУ од Охрид и Охридската Гимназија.