Македонија од денес е интегрален дел од Европската мрежа EURDEP

Од денес, Македонија (преку мерните станици на ИЈЗ) е интегрален дел на  Европската мрежа EURDEP за континуиран мониторинг на дозата на зрачење во животната средина.

EURDEP мрежата преставува Европска платформа за колектирање и размена на податоци од станиците за континуиран мониторинг, презентирање на податоците во реално време и е суштински дел од системот за рано предупредување на радијациони несреќи на Европската унија и на Обединетите нации – МААЕ.

Обврска на сите држави членки на ЕУ е континуиран 24-часовен радиолошки мониторинг на животната средина и автоматско известување на измерените вредности преку ЕУРДЕП платформата.

Македонија како држава кандидат од денес го исполнува овој критериум.

Вредностите на измерените дози на јонизирачко зрачење во реално време во животната средина во Република Македонија и во другите држави во Европа, можете да ги следите на мапата на ЕУРДЕП на следниот линк:

http://eurdepweb.jrc.ec.europa.eu/EurdepMap/Default.aspx