Предлог за промена на правилото за настап на млади фудбалери

Во Фудбалската Федерација на Македонија се одржа работен состанок помеѓу селекторот, Бошко Ѓуровски и тренерите од Првата Лига.

Селекторот Ѓуровски во неговото обраќање ги повика на соработка клубовите. Предлогот беше прифатен едногласно од страна на сите присутни на состанокот. Во продолжение беше доставен и предлогот за промена на правилото за настап на млади фудбалери во натреварувачката сезона 2014/2015.

– Во Прва МФЛ, задолжително да има 1 (еден) играч до 21 година во први 11, и задолжително неговата измена да биде со играч до 21 година.

– Во Втората МФЛ, задолжително да има 1 (еден) играч до 21 година во први 11, и задолжително неговата  измена да биде до 21 година. И задолжително 1 (еден) играч до 19 години во први 11, и задолжително неговата измена да биде со играч до 19 години.