ЈП „Градски Пазар“ издава под закуп тезги за 2014 година

Јавното претпријатие „Градски Пазар“ објавува оглас за издавање тезги под закуп за продажба на земјоделски производи и бижутерија на просторот на Зелениот пазар за 2014 година.

Заинтересираните правни и физички лица за закуп на тезгите кои ги исполнуваат условите, треба да се јават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ на Булевар Туристичка 79, најдоцна до 18-ти декември 2013 (среда), а дополнителни информации можат да добијат во просториите на претпријатието или на телефонот 046/266 600.