Реконструкција на фудбалското игралиште во Злести

Градоначалникот Трајкоски денес го посети фудбалското игралиште во с.Злести каде во тек се активности за реконструкција. Имено, се работи за инвестиција во спортот и едно од дадените ветувања во предизборната кампања од страна на градоначалникот Трајкоски за реконструкција на фудбалските игралишта во општина Дебарца.

При реконструкцијата на овој фудбалски терен и поради непристапноста до теренот изграден е пристапен мост кој го поврзува игралиштето со пристапниот пат. Во реконструкцијата опфатени се: изградба на трибина, комплетно завршување на градежно занатски работи на соблекувална, бојадисување на стативите и поставување на мрежи, зацврстување на бетонски столбови, поставување на влезна врата во теренот, се со цел за зголемување на спорските капацитети за започнување на активни тренинзи на фудбалските клубови и одржување на натпревари.

Реконструкцијата е инвестиција од вкупно 737.500,00 денари издвоени од буџетот на Општина Дебарца. Оваа изградба и вложувањата на Општината и Градоначалникот во спортот е од огромно значење за спортската иднина на младите од општина Дебарца.