АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во понеделник од Охрид започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“, на која што граѓаните ќе можат да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по одност на конкретната Подружница во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

Средбите со граѓаните ќе ги одржи Генералниот Директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Цветко Грозданов.

Овој проект започнува од понеделник 16 декември и тоа од Охрид. Отворената средба е од 10 до 14 часот во просториите на Подружницата на Булевар „Туристичка“ бр 32.