Промовирана книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“

 Денес во Велгошти беше промовирана книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ од авторот Вангелко Лозаноски.

 „Ова беше голема идеја да ви кажам искрено, затоа што јас пред 10 години на ова поднебје контактирав со манастирот и имав можност да се запознаам со многу работи за манастирот и за народот од ова поднебје“, – рече авторот Вангелко Лозаноски.

 Идејата да се напише книгата  „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ се убавините на Велгошти и на манастирот Света Петка.

 „Идејата да се напише ова прекрасно дело, да се опише ова прекрасно место, кое што се наоѓа на планините на падината Исток, на кое место единствено сонцето не го изгрева утрото и го чекаат велгоштани сонцето да се крени повисоко за да имаат поголема светлина. Тоа е раѓањето на секој нов ден, но овде со тоа раѓање ние доаѓавме неколку пати Св.Петка. Имавме неколку литературни читања и со тоа доаѓање се роди во нашата мисла и желба да посветиме една книга баша на ова место и на манастирот Св.Петка. Книгата се работеше година и пол“, – истакна Љубица Чифлигароска, наставник од ОУ „Кочо Рацин“.

Промоцијата се одржа во просториите на училиштето „Живко Чинго“. Беше претставена и книгата „Бистрини од изворот на љубовта“ од Ленче Трајаноска Николоска, како и поетско читање на книгата за Велгошти и манастирот Св.Петка.

 „Се надевам дека ќе биде достапна за секој што сака да ја прочита книгата за Велгошти и за манастирот Света Петка. Морам да кажам, кога моите колеги ја дадоа идејата за едно вакво големо дело, јас со задоволство ја поддржав, а како што многу поети како Живко Чинго итн… произлегле од ова поднебје, така јас сум многу горда што можам преку читателската публика да ги запознаам сите со Велгошти, со велгоштани“, – рече ко авторот и уредник на книгата, Ленче Трајаноска Николоска.

WebOhrid