Ротаракт Клубот Охрид сака да го збогати своето членство со млади и креативни луѓе

После три годишна успешна и плодна работа, исполнета со дружења, патувања, служење на општеството и заедницата, голем број успешно завршени проекти и признанија за истите, Ротаракт Клубот Охрид сака да го збогати своето членство со млади, креативни и луѓе полни со ентузијазам кои саакат да му служат на општеството, да го збогатат своето животно искуство и да придонесат за општото добро на заедницата во која живеат.

Причината заради која постои Ротаракт е да обезбеди можности за младите луѓе да се здобијат со знаење и ваштини кои ќе им помогнат во нивната професионална кариера, а притоа и подобро да ги разберат физичките но и социјалните потреби на нивната заедница. Исто така членовите на Ротаракт клубот се залагаат за подобри меѓучовечки односи на сите луѓе насекаде низ светот преку пријателсто и взаемно помагање и почитување.

Ротарактот е меѓународна организација на млади професионалци и лидери на возраст од 18 до 30 години кои се обврзале да служат и помагаат во нивната заедница но и надвор од неа. Основана во 1968 година од страна на Ротари Интернешнл, Ротаракт е глобална мрежа на млади луѓе кои го менуваат светот со клубови во повеќе од 160 земји во светот.