ЈП „Охридски Комуналец“ ги исчисти викенд населбите во пресрет на Новогодишните празници

Во пресрет на новогодишните празници и со оглед на тоа што се очекува овој период викенд-куќите да бидат посетени од сопствениците, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ генерално ги исчистија јавните површини во викенд населбите во Охрид, кај „Даљан“, „Охридати“, месноста Лагадин и Пештани. Исчистени се и улиците низ охридските села.

Овој месец екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ работеа на монтирање на светлечките новогодишни реквизити како и во ископување на каналот за санирање на електричниот дефект за непречено функционирање на лизгалиштето на мраз.