Градоначалникот на Дебарца Трајкоски оствари средба со жителите на Ботун

Во рамките на својата агенда за посети по месни заедници градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, оствари средба со жителите на с.Ботун.

Присутните од страна на Градоначалникот беа запознаени за активностите кои ги презема Локалната самоуправа конкретно за Ботун како и за другите села. Тој истакна дека во постапка е асфалтирање на улици низ населените места на општина Дебарца меѓу кои ќе се асфалтира и улица во Ботун. Потоа беше истакнато дека во завршна фаза е проектната документација за најгорливиот проблем кој години наназад ги мачи жителите на с.Ботун, а тоа е водоснабдувањето. Градоначалникот ги запозна жителите подетално што е предвидено во Проектот при што истакна дека ќе се реконструира цевководната мрежа низ селото и каптирање на дополнителни извори со што ќе се зголеми дотокот на вода и со тоа ќе се реши недостигот на вода за пиење.

Botun01 Botun02 Botun03