Македонскиот претставник, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро испрати допис до медиумите, во кој што даде краток осврт на активностите во 2013 година и плановите за 2014 година.
„Мојот фокус во 2014 година ќе биде продлабочување на еко-дипломатијата преку која веќе донесовме многу проекти во регионот и го промовиравме Охрид и Езерото и пред политичкиот и пред финансискиот свет. Во нивни рамки веќе сме оценети сме како Шампиони на процесите. Со носењето на овие проекти долгот кон својот град и држава е исполнет. Нема повозвишена активност и нема повозвишена цел иако сеуште еколошките процеси се потиснати од други економски процеси и приоритети. Од стручен аспект и од аспект на идентификација на проблемите се е веќе истражено и нотирано. Сега доаѓа време да се донесат важни политички одлуки за еколошката иднина на регионот“. – соопшти Дејан Пановски, претставник во Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро.
Пановски рече дека, 2013 година била исклучително богата и напорна за Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско езеро.
Неколку иницијативи кои беа испланирани се реализираа во текот на 2013 година.
„Соработката со Јапонската Агенција и експерти резултираше со изработка на СТУДИЈА за состојбата на колекторскиот систем околу Охридското Езеро. Таа студија која на 2 Јули беше презентирана пред надлежните, ќе биде основа за инди зафати и донации околу рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на македонска страна.
-Билатералниот Секретаријат се јави како носителна активноста за прогласување на регионот околу езерата Охрид –Преспа за прекуграничен Биосферен резерват на УНЕСКО. Формиран беше МАБ комитетот за Македонија, а во септември беше комплетирана Номинационата форма и истата беше испратена во УНЕСКО.
-Билатералниот Секретаријат е еден од носителите и на проектот за прогласување на албанската страна на Охридското Езеро за УНЕСКО сајт. Тоа ќе овозможи интегрална заштита на Охридското езеро и тој Проект веќе е одобрен од Европската Унија и во него дел има и за консолидаија на статусот на македонска страна.
-Билатералниот Секретаријат како дел од Дрим Кор Групата е носител на активностите за реализирање на Дримскиот Проект. Со големо залагање Дримскиот Проект е одобрен од страна на Глобалниот Еколошки Фонд од Вашингтон, подготвителната фаза е завршена и е подготвен за финална конструксија и имплементација“. – истакна Пановски.
Пановски рече дека во 2014 година фокусот на Билатералниот Секретаријат ќе биде на следните процеси:
„Организирање донаторска конференција заедно со Јапонската Агенција околу можностите за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем. Можноста за обезбедување средства ќе биде круцијална за иднината на заштитата на Охридскот Езеро. Согласно планот и студијата постојат неколку етапи за брзи, среднорочни и долгорочни мерки .
– Во Мај 2014 година во Шведска ќе биде донесена одлуката за прогласување на Охрид Преспа за прекукраничен биосферен резерват ,13 ти во Светот. Билатералниот секретаријат ќе ја засили еко-дипломатијата во пресрет на одлуката и по евентуалното прогласување ќе го финализира Акциониот план за менаџирање со Биосферниот резерват. Исто така ќе се засили и соработката со КфВ банката за финансирањето на активностите .
-Билатералниот секретаријат во 2013 година ќе ги има водечките активности во Проектот на ЕУ за ставање на албанската страна на Охридското Езеро под УНЕСКО. Од македонска страна ќе бидат вложни сите ресурси и искуства за да се помогне на албанската страна за добивање на статусот ,со што ќе се интегрира аштитата на природното и културното наследсво околу Охридското Езеро.
– Големиот и веќе обезбеден Дримски Проект (4,5 милиони долари) во Март 2014 ќе добие финална класификација во ГЕФ и имплементацијата ќе започне по потпишувањето на финансиските договори за Проектот од страна на Државите. Ова е најголем проект од овој вид во моментот и ќе придонесе за решавање на проблемите со управувањето на сливот, со водените балански на езерата, со биодиверзитетот и со влијанието на климатските промени во енергатските потенцијали, како и заштитата од поплави и подигање на свеста за зачувување на природните ресурси.
– Билатералниот секретаријат во 2014 година ќе посвети внимание и на едукација на децата за еколошките проблеми и градење на свеста, на поттикнување на надлежните за зајакнување на казнената политика за загадувачите (и индивидуалните) како начин за заштита на природните ресурси, ќе го промовира медиумското присуство на еколошки теми, и ќе развива меѓународни настапи и еко дипломатијата и промоцијата на вредностите на Охридското Ееро и целиот Дримски Басен со цел негова квалитетна заштита и валоризација.“ – рече Пановски.