УЕФА објави сторија поврзана со актуелностите во македонскиот клупски фудбал

Официјалната веб страница на УЕФА објави сторија поврзана со актуелностите во македонскиот клупски фудбал. Истата е посветена на лидерот по есенскиот дел на Македонското првенство и во неа се вели дека Хоризонт Турново под водство на Гоце Седлоски има 10 победи и постиганато 44 голови. Во  продолжението на оваа вест се напоменува дека поранешниот репрезентативец на Македонија како тренер во оваа екипа започнал со два порази, но од кога бил прифатен неговиот стил на игра оваа екипа не знае за пораз.

„По првата половина од сезоната да се биде на врвот од табелата е голем успех за нас. Голема благодарност до играчите. Тие го оставаат своето срце на терен,  на секоја средба. Не се оптоваруваме дали на крајот на сезоната ќе завршиме на првото или на второто место. Нашата цел е следната сезона да играме европски фудбал.  Ќе се потрудиме најдобро што можеме за да го оствариме тоа“. – стои во изјавата на Гоце Седловски за сајтот на УЕФА.