Денес во 18 часот – голема Новогодишна забава за најмладите

Од Ј.П. „Билјанини Извори“ како продолжување на кампањата „ЈП Билјанини Извори за децата”, потсетуваат дека денес 25-ти декември (среда) со почеток во 18 часот ќе се одржи големата и долгоочекувана Новогодишна забава за најмладите. На забавата ќе настапат „Распеаните Рибарчиња“, балетско студио „Виза Ви“, ансамблот „Билјана“ (јуниор) и најмладите учесници – децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

На забавата покрај многу музика, игра и пеење најмладите ќе имаат можност да се дружат и сликаат со Дедо Mраз.

Ј.П. „Билјанини Извори“ уште еднаш ги поканува нашите најмлади охриѓанчиња заедно со своите тато и мама, дедо и баба да бидат дел од ова предновогодишно дружење.