Државниот инспекторат и рибочуварската служба синоќа запленија 28 мрежи кај Радожда

Како резултат на размената на информации помеѓу двата инспекторати (од Република Македонија и од Република Албанија) во синоќешната заедничка и организирана акција организирана од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) од Охрид во соработка со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд на Охридско Езеро (ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид) и УПС при П.С. за Г.Н. „Франгово“ во периодот од 21 до 02 часот на ден 24.12.2013 год према 25.12.2013 год во водите на Охридско Езеро во правец од караулата во с.Радожда према самото село затекнати се 28 парчиња мрежи – мрејци со вкупна должина од 1400 метри. Во мрежите се затекнати 43 парчиња на охридска белвица.

Мрежите и рибите се преземени од страна на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и во соработка со МВР ќе се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на ова дело, против кои сторители ќе бидат поведени соодветни постапки.