Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница,  на предлог на верификационата комисија, по оставката на советникот Сашо Донев, кој неодамна е избран за директор на ЈП „Нискоградба“, го верификува мандатот на Јованка Дамоска Секулоска која беше следна на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Воедно  Донев  беше разрешен од членувањето во комисиите, а советниците го прифатија  предлог на верификационата комисија, во нив да членува Јованка Дамоска Секулоска.

На седницата од тројцата кандидати кои за командир на полициската станица од општа надлежност во Охрид ги предложи МВР, советниците поддршка му дадоа на Дејан Додевски. Советницие ја прифатија и физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за модернизација и проширување на јавното осветлување во Охрид.

Советниците  ги усвоија предложените одлуки за  општински линиски превоз на патници, за авто-такси превоз на патници, за утврдување на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот и патниот  и заштитниот  појас, за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“  и за отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“.

Од областа на урбанизмот беа прифатени одлуките за  донесување  детален урбанистички план  за УЗ 7, блок 7.1  општина Охрид , плански период   2009 – 2014, за донесување Детален урбанистички план за дел од УЗ 2, дел од блок 2.5, опфат 1 општина Охрид,  плански период 2011 – 2016 и одлуката за утврдување потреба  од изработка и донесување  на  локална урбанистичка планска документација за  градежна парцела на Кп. 2002 КО Лескоец  за ОУ „Ванчо Николески”  с. Лескоец.

Советот ги прифати и одлуките поврзани со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Беше утврдена потребата  од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( Кп.2766/1  КО Велгошти) , за измена на одлуката бр..07-6859/29 од 15.11.2013 год . за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со  цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп.136/1 и 3101 КО Куратица, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( Кп.1346 КО Љубаништа), за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( Кп.1482 КО Трпејца), за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 1995/2    КО  Лескоец, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( Кп.2817 КО Велгошти), за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација за    усогласување на намената на земјиштето- Кп бр.8906/2 КО  Охрид 2,  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр  14766/1  КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето и  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 15607/1 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр 15704/1  КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето  Кп. 15861/1 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр  16278/1 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр  16294/1 и 16294/2 КО Охрид 3, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 17/10   КО Рамне, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 80/1и 80/20    КО  Долно Лакочереј, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 540/1    КО  Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 1351,1353/2,1582/1 КО Трпејца, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 1483/1 КО Лескоец, за измена на одлуката бр.07-6859/32 од 15.11.2013 год.  за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп.1905/1  КО  Охрид 4 , за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 1995/1и 1996/1    КО Лескоец,  за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 2143/2    КО  Велестово,  за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 2328, 2330 КО Лескоец, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 2357  КО Охрид 4, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 2392/1    КО  Велгошти, за утврдување на потреба  од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект Кп.бр.  2814 КО Охрид 4 , за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп. 3061/1,3062,3063/1 и 3064/1     КО  Елшани,  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр.5173 КО Охрид 4 и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето,  за утврдување потреба  од донесување на урбанистичко  планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр.8143  КО  Охрид 1, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр.8941 КО Охрид 2  и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр.9295 КО Охрид 2 .