Општина: Каква пародија – катаклизмата која ја направија во Охрид за СДСМ е врвно достигнување

Навистина станува невозможно да се дебатира со раководството на ОО на СДСМ Охрид за серизни теми, издржани проекти или поставени цели. Секогаш раководството на партијата вниманието го насочува кон веќе завршени работи кои ги поминале сите институционални филтри, и што е најважно го поминале тестот на јавноста. Како поинаку да се протолкува последното соопштение, освен како писание кое изобилува со произволности, лаги и елементарно непознавање на нештата. Да се тврди дека претходната локална власт креирала “1200 нови работни места во администрацијата и јавните претпријатија“!!! е рамно на тврдењето дека Земјата е “ плоча носена на плеќите од три китови“.  Зарем десеткратното зголемување на  вработените во администрацијата  и јавните претријатија и енормниот долг кои го оставија токму на граѓаните на Охрид е грижа за граѓаните и одговорно работење!? Можеби, според стандардите на СДСМ, но никако според правилата на добро владеење и економската логика.

И наместо сега да се засрамат од своите постапки со кои што целосно ги уништија јавните претпријатија и општината, долгорочно загрозувајќи ја иднината на 55 илјади охриѓани, структурите на СДСМ ова го сметаат за врвен политички дострел. Таквиот нивен начин на работа, од профитабилни ги претворија јавните претпријатија во фирми во кои што месечните приходи се помали од расходите по основ на плата. Тоа доведе до тотален финансиски колапс на општината и јавните претпријатија, што подразбира дека тоа е смислено сценарио во функција на лични интереси. Да беа стручни, способни и соодветно едуцирани како што мислат за себе, немаше да го потонат како “Титаник“ градот и јавните претријатија.

Нереално проектираниот буџет за 2013 година од СДСМ беше така направен, единствено за нивните губитнички партиски политики, а не во интерес на граѓаните и развојот на градот. Затоа првите зафати на градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ, беа во насока на консолидација на јавните претпријатија и отстранување на финансиските блокади, хипотеки врз имотот, финансиското деблокирање и поддршка за образовните инстуции, се со цел нивно непречено работење и финансиска консолидација.

Она што е најцинично и со кое најбезочно се обидуваат да манипулираат со јавноста, е проектот – лизгалиште на плоштадот и празничното украсување на градот. Иако за лизгалиштето и украсувањето, градоначалникот Бакрачески и стручните служби повеќе пати се произнесоа во јавноста, со сите детали за неговото работење, од СДСМ Охрид не умеат да препознаат успешен проект.Фрустрирани од нивното 8 годишно промашено владеење, не можат да ја прифатат преубавата глетка на среќни лица на  преполниот плоштад. Но, тоа што тие не го гледаат ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД ГО ПРИФАТИЈА СО ИСКРЕНА РАДОСТ И ОДОБРУВАЊЕ.

Како локална самоуправа ќе продолжиме и во иднина нашите проекти да ги носиме транспаренто и отчетно, секогаш слушајќи ги потребите и желбите на граѓаните. Било да се работи за забавни содржини или за сериозни комунални решенија, (како што е поставувањето на контејнери и барањето до граѓаните да се произнесат за тоа кои би биле најсоодветни локации за нив), мислењето на граѓаните секогаш ќе биде круцијално во носењето на нашите одлуки.

Сето ова покажува дека СДСМ се повеќе наликува на малограѓанска група, со кафеански пристап во третирањето на сериозни теми, а решенијата што ги нудат зависат од временските прилики и моменталното расположение.

Општина Охрид