Денес, на Детското одделение при Општата болница во Охрид, Љупчо Настоски донираше постелнина и пижами за децата кои се згрижуваат заради болничка нега на ова одделение.
„Хуманоста е доблест на секој човек. За време на празнувањето на големиот празник Св.Никола, во неврзан разговор со вработен од Детското одделение при Општата болница – Охрид добив информација што им е најнеопходно. Заедно со моето семејство, а во рамки на нашите можности, одлучивме и одвоивме средства годинава да подариме постелнини и пижами“. – изјави Настоски.
Советникот Настоски на сите граѓани им ги честита претстојните празници.
„Сакам со убав збор и најискрено да им посакам на сите добро здравје, љубов и верба во животот, а воедно и да им ги честитам претстојните празници“. – посака Настоски.