Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2015 година во однос на декември 2014 година изнесува 101.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи опаѓање од 0.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5% и Капитални производи за 16.3%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7% и Енергија за 0.5%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-декември 2015 година , во однос на
периодот јануари-декември 2014 година, изнесува 101.8.