ГРОМ-Охрид го формираше Форумот на млади

 На само неколку дена пред новогодишните и божиќните празници, Општинската организација на ГРОМ – Охрид го формираше Младинскиот форум.

 За претседател на младите сили едногласно е избран Ристе Танкоски, студент и професионален музичар, кој истовремено е и член на Извршниот одбор на Општинската организација на ГРОМ – Охрид. Покрај изборот на претседател, членовите на партијата за потпретседател го назначија младиот Стојан Пешликоски, кој сè уште е ученик. За секретар на Младинскиот форум на О.О. ГРОМ-Охрид е назначена Ивана Кикеска, која по вокација е дипломиран економист.

 Ова новоизбрано раководство на Младинскиот форум, со помош на останатите млади членови на ГРОМ – Охрид, кои според последните податоци бројат повеќе од 200, истакна дека многу сериозно и посветено ќе се вклучи во работата на својата партија, која од ден на ден зазема сè поголем замав и станува исклучително важна компонента на политичката сцена во Република Македонија.

 Младите кадри кои решија да пристапат кон новата Граѓанска опција за Македонија, велат дека токму во програмата на ова партија ја гледаат својата иднина и ќе го искористат своето знаење, вештини и идеи за да придонесат во нејзино успешно учество во македонската политика.